ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

ЗАШТИТЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Заштитеното културно наследство на Македонија

Портал за промоција и популаризирање на заштитеното културно наследство на Македонија со представување на заштитените добра на интерактивни мапи поделени по плански региони. Порталот користи најнови техники и технологии за представување и промоција како дигитално позиционирање на Интерактивни Мапи, Текстови и слики од сите објекти, Електронски изданија во форма на Електронски книги и др. 

Овие активности се подржани преку одобрен проект на Министерството за култура. Засега има одобрено средства за представување на Источниот плански регион, а во план е реализација на сите плански региони во Македонија во зависност од одобрените средства. Сите активости ќе бидат представени на овој електронски портал.

Составен дел на овој портал се и ИНТЕРАКТИВНА МАПА и FLIPBOOK БРОШУРА за Источниот Плански Регион. Мапата и Брошурата со соодветни линкови се поврзани со артиклите представени на порталот. НАПОМЕНА: За да можете да ја разгледувате FlipBook Брошурата неопходно е да дозволите да се вклучи FLASH во интернет прегледувачот кој го користите.

Покрај од менито може со кликнување на секоја од сликите да ги погледате објектите кои се заштитено културно наследство на секоја општина.

ОПШТИНА ШТИП

Заштитено културно наследство во Општина Штип

ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Заштитено културно наследство во Општина Карбинци

ОПШТИНА КОЧАНИ

Заштитено културно наследство во Општина Кочани

ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Заштитено културно наследство во Општина Зрновци

ОПШТИНА Пехчево

Заштитено културно наследство во Општина Пехчево

ОПШТИНА бЕРОВО

Заштитено културно наследство во Општина Берово

ОПШТИНА ВИНИЦА

Заштитено културно наследство во Општина Виница

ОПШТИНА Делчево

Заштитено културно наследство во Општина Делчево

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Заштитено културно наследство во Општина Пробиштип

РЕГИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Источен плански  регион претставува територијална единица во рамките на Република Македонија и го сочинуваат 11 општини: Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Зрновци, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Карбинци и Штип.  Овој регион зафаќа површина од 3537 км2 на која живеат 181.858 жители.

За да можете да ја разгледувате FlipBook Брошурата неопходно е да дозволите да се вклучи FLASH во интернет прегледувачот кој го користите.

знаменитости и локалитети

ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН – Општини: Берово, Пехчево, Виница, Делчево, Кочани, Зрновци, Пробиштип, Штип, Карбинци

Источен Плански Регион - Интерактивна Мапа

ЗАШТИТЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Кликни на сликата или овде за да разгледаш детали од интерактивната мапа.
Напомена од реализаторот на проектот

Сметам дека ваков вид на проект за промоција и популаризирање на заштитеното културно наследство на Македонија со употреба на најмодерни технолошки алатки и решенија никогаш досега не е реализиран ниту кај нас ниту во овој дел од Европа. Се извинувам доколку имам направено некаква грешка при изработката или одбележувањето на локациите во проектот, однапред благодарам за укажување на секоја грешка или сугестија и спремен сум секоја грешка дај ја поправам за кратко време. Исто така би бил благодарен доколку добијам информации за локациите кои што не успеав да ги пронајдам. Пронаоѓањето на локациите на објектите и археолошките локалитети е вршено со одење на лице место на секоја локација и користена е помош од локалното население.

При изработката на проектот единствено добив помош само од Музејот на Виница и ниту од една друга институција.